Нов бисер на лудиот Биелса, на обично прашање одговараше 25 минути

Тренерот на Лидс, Марсело Биелса, својот прекар „Локо“ (Лудак) си го заслужува со многу свои постапки кои ги имал низ кариерата, а вчера приреди шоу и на прес-конференцијата посветена на гостувањето на Лидс кај Нотингем форест во дуел од англискиот Чемпионшип. На обично прашање кога новиот играч, Жан Кевин Огустин, ќе дебитира за тимот, Биелса зборувал цели 25 минути.

Целиот прес траел околу еден час, секако голем дел од времето се губи и во преведување, Биелса не знае англиски, туку зборува на мајчиниот шпански јазик, но да се зборува 25 минути за една иста работа, е претерано.

Биелса објаснувал дека Огустин е добар играч, но во последните осум месеци одиграл само три меча и со тој податок, јасно е дека не е во топ форма. На крај, се оправдувал дека зборувал долго затоа што сакал детално да објасни. Во секојдневната работа со овој човек, не им е лесно на Езџан Алиоски и колегите, но на тимот добро му оди, на пат се да влезат во Премиерлигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести