Нов договор, стари навики: Тричковски со седми гол на шест меча (Видео)

Македонскиот фудбалер, Иван Тричковски, го продолжи договорот со АЕК Ларнака, а и после потпишувањето на продолжувањето на соработката, продолжи во ист голгетерски стил, па и попладнево ја погоди целта.

АЕК по првото полувреме води со 2-0 против ПАЕЕК, а стрелец на првиот гол беше популарниот Тричко, кој сезонава во кипарската лига има 7 гола на шест настапи. За играње има уте 45 минути, па поранешниот македонски репрезентативец може и да го подобри својот биланс.

Ова е денешниот погодок на Триковски:

- Оглас -

Најнови вести