Нов еврогол на Луси против Норвешка, Англичанките лесно до полуфинале (Видео)

Женската репрезентација на Англија убедливо ја победи Норвешка со 3:0 во четвртфиналето на Мундијалот во Франција и ќе игра против домашната селекција, или со САД за пласман во финалети и меч за титула.

Предводени од селекторот Фил Невил, Англичанките рано го отворија резултатот со голот на Џил Скот во третата минута и потоа доминираа.

Елен Вајт во финишот на првото полувреме зголеми на 2:0, а најубавиот момент во четвртфиналето се случи во 57. минута.

Луси Бронз повторно блесна против Норвешка со еврогол од далечина. Третиот и најубав гол на мечот можете да го погледнете ОВДЕ.

Луси само потсети на голот што им го даде на Норвежанките во 2015 година.

Англија го чека победникот од дербито меѓу домаќинот Франција и САД во полуфиналето на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести