Нов гол на Етеми, крусниса феноменална контра како од учебници (Видео)

Македонскиот репрезентативец Ваљон Етеми, попладнево го постигна својот четврти гол сезонава во турската Суперлига.

Етеми со својот погодок му донесе предност на Истанбулспор на гости против Гиресунспор од 1-0, и круниса убава акција на гостите. Истанбул ја освои топката и тргна во пеколна контра, а Етеми избегна офсајд и рутински го совлада голманот.

Тимот на Етеми има четири порази по ред, а може да загуби и по петти пат едноподруго, бидејќи на полувреме има 1-1, и цело второ полувреме ќе игра со еден играч помалку.

Ова е голот на Етеми:

- Оглас -

Најнови вести