Нов голем проблем за ПСЖ, останаа без еден стартер до крајот на сезоната

ПСЖ синоќа славеше на гостувањето кај Марсеј против Олимпик убедливо со 3:0 во големото дерби на Франција. Со оваа победа ПСЖ покажа дека е главен фаворит за титулата и сега има 60 бода, додека Олимпик остана на 52 бода на второто место и сега е со драстично намалени шанси во трката за трофејот.

Во отсуство на повредениот Нејмар, блескаше дуото Лионел Меси и Килијан Мбапе. Меси даде еден гол по асистенција на Мбапе, а францускиот репрезентативец погоди двапати и во двата случаи асистент му беше Лео.

Триумфот на ПСЖ го засени повредата на Преснел Кимпембе, кој по еден спринт се пожали на болка и мораше да биде изненсен на носилки, и тоа само по 16 минути поминати на терен.

По првичните прегледи било констатирано дека повредата на Кимпембе е сериозна и дека ќе мора да мирува неколку месеци, што значи дека за него сезоната е завршена. Ова се многу лоши вести за ПСЖ, посебно пред реваншот во Минхен против Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите, каде што францускиот првак ќе мора да брка победа затоа што на свој терен загуби со 0:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести