Нов голем трансфер во Саудиска Арабија: Рубен Невеш официјално претставен во Ал-Хилал (Видео)

Репрезентативецот на Португалија и доскорешен фудбалер на Вулверхемптон Вулвс, Рубен Невеш, и официјално беше претставен во саудискоиот клуб Ал-Хилал. Ова е само уште еден трансфер на голема ѕвезда во првенството на Саудиска Арабија, но овојпат се работи за фудбалер кој има само 26 години и може уште многу да покаже во европскиот фудбалер, а не ветеран како што беше случај во најголем дел од трансферите кои ги направија клубовите од Саудиска Арабија.

Рубен Невеш имаше понуда и од екипата на Барселона, но на крајот се одлучи да ја прифати онаа побогатата од Ал-Хилал, а неговиот поранешен клуб Вулверхемптон ќе добие обесштетување од 55 милиони евра. Фудбалерот ќе заработува по 350.000 евра неделно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести