Нов кикс на Евертон, прва победа за Њукасл по месец и пол (видео)

Калум Вилсон го реши првиот меч од 21-то коло во Премиер лигата во кој Њукасл со неговите два погодоци славеше со 2-0 на гостувањето кај Евертон.

Гостите од „Сент Џејмс парк“ по пауза од месец и пол конечно остварија победа во англиското првенство, прекинувајќи низа од пет порази.

Карамелите доминираа статистички и пропуштија неколку шанси да поведат, па затоа следуваше казната од страна на Вилсон кој постигна ефектен погодок со глава во 73-тата минута. Во завршницата гостите повторно ја затресоа мрежата на Пикфорд, односно Вилсон се запиша како двоен стрелец по еден контранапад за тотален колапс на тимот на Анчелоти.

За Евертон ова е четврти овосезонски пораз на домашен терен, по што останува на седмата позиција со 33 бода, додека Њукасл се изедначи со Барнли со по 22 бода на 16-тото место.

- Оглас -

Најнови вести