Нов кикс на организаторите на ЛОИ, триатлонците за малку ќе завршеа под брод! (Видео)

Нов гаф и потфрлање во организацијата на настан од Летните олимписки се случи на стартот на триатлонската трка. Уште пред ЛОИ се зборуваше дека има опасност по здравјето на триатлонците поради многу загадената вода, а смрдеата на водата во токискиот залив (во Токио нема посебни одводи за канализација и дождовница, па целата „течност“ завршува во заливот) беше само еден од проблемите.

Кога главниот судија означи старт на трката, пред платформата со натпреварувачите имаше брод кој блокираше половина од триатлонците, попречувајќи ги да тргнат како што посакуваат. За среќа, никој не се повреди, а по кратка пауза, имаше рестарт и триатлонот се одржа како што треба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести