Нов корона-хит, овојпат за Вардар (Видео)

Драган Спасов Дац и Александар Митевски периодов се доста активни на музички план. По хитот „Корона чао“ и препевот на песната наменета за ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров, сега направија нова верзија и на песна за поддршка на фудбалскиот и на ракометниот клуб Вардар.

Навивачката група Комити пред извесно време ја создаде верзијата со песната „Признавам, не можам без тебе“ на Маријана и Росана и таа се пушташе на натпреварите на РК Вардар. Покрај Дац и Александар, во спотот друштво им прават и некои од најверните постари навивачи на Вардар.

„Денес одиме со спортска песна 🙂. Отпеавме за КОМЕТАЛ, а сега ќе Ви отпееме и за ВАРДАР. Точно пред една година добивме повик од групата АСОВИ (Карпа, Куле, Шиц, Филип, Манки, Капар, Тоно и Рики Масри) за да им помогнеме студиски да се сними нивната преработка на хитот на Маријана и Росана ПРИЗНАВАМ во верзијата ВАРДАРЕ НЕ ТЕ ОСТАВАМЕ. Оваа нивна верзија тие ја направија со многу љубов кон клубот и се пушташе на натпреварите до и по шампионската титула, со благодарност за прифаќањето на оваа идеја од авторот Тоде Новачевски и Маријана и Росана ❤🖤.

Ним, а веруваме и на сите спортски фанови им фалат трибините и натпреварите, па затоа ни дојде идеја КАРАНТИНСКИ да ја испееме оваа песна (ВО МИКС СО ЛАНСКОТО ВИДЕО). Ќе се вратиме од почетокот, кога во комбето одејќи на натпревар, ја смислија оваа песна. ВАРДАРЕ НЕ ТЕ ОСТАВАМЕ – поддршка за големите спортски успеси и во иднина ❤ Шириме љубов“, порачаа Дац и Александар.

Песната може да ја слушнете тука.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести