Нов олимписки рекорд и четврто злато за Дресел

Кејлеб Дресел го освои четвртиот златен медал на овие Олимписки игри откако Американецот издоминира и во трката на 50 метри слободен стил. Најдобриот пливач на САД воедно постави олимписки рекорд и во оваа дисциплина со време од 21.07, а за малку не успеа да го урне и светскиот рекорд од 20.91 секунди.

Среброто го освои Французинот Флоран Манаду, бронзениот медал припадна на Бразилецот Бруно Фратус.

Дресел претходно се покажа како најдобар во 100 метри слободен стил, трка на која исто така постави нов олимписки рекорд, а триумфираше и на 100 метри делфин, како и штафета 4×100.

Олимписки рекорд постави и Австралијката Ема Мекеон исто така во 50 метри слободен стил со време од 23.81, за освојување на златен медал, односно вкупно шести медал на овие Игри. Мекеон со оваа победа се истакна како најдобра австралиска олимпијка со вкупно 11 медали во својата кариера.

Светската шампионка Сара Сјоестрем го освои сребрениот медал, со бронзата се закити данската пливачка Пернил Блум.

- Оглас -

Најнови вести