Нов пех за Македонија: Јаховиќ се повреди и мораше да го напушти теренот

По се изгледа и Адис Јаховиќ нема да биде на располагање на селекторот Благоја Милевски за претстојните репрезентативни активности.

Повратникот во А селекцијата, поради повреда излезе во 16 минута во настапот за својот тим Гезтепе против Конјаспор.

Се уште не е позната повредата поради која што напаѓачот мораше да го напушти теренот, но, очигледно е дека тој нема да може да биде повикан за најдобриот национален тим во средбите против Ерменија и Исланд.

Јаховиќ се приклучи на Адеми, Николов, голманот Илиев, додека под знак прашање се настапите на Спировски и Костадинов.

- Оглас -

Најнови вести