Нов пораз на Македонија Ѓ.П во Аланија, Ботев Враца победи со 1-0

Македонија Ѓорче Петров го претрпе вториот пораз на подготовките во Аланија, а попладнево за еден гол поуспешни беа играчите на Ботев Враца.

Бугарскиот прволигаш притисна во финишот на мечот, искористи една грешка во одбраната на „лавовите“ и со погодок во 81-вата минута славеше со 1-0.

Ѓорчепетровци го загубија и премиерниот тест-меч во Аланија од Шахтар Караганди, исто така со еден гол-разлика, но тогаш со резултат 1-2. Стрелец на голот, единствен засега на зимските подготовки, го постигна Христијан Кировски.

- Оглас -

Најнови вести