Нов пораз на младите кошаркари, Унгарија не испрати на нов мегдан со Словаците

Младите кошаркари на Македонија на возраст до 20 години повторно загубија на ЕП во Б дивизијата, а денеска подобри од нив беа врсниците од Унгарија.

Во неизвасен финиш избраниците на селекторот Радуловиќ немаа сили за втора победа на шампионатот и претрпеа нов пораз.

По првото полувреме водевме минимално со 29:28, но финишот ни донесе уште еден неуспех.

Повторно најефикасен кај нас беше Павле Михајловски, денеска со 17 поени и 10 скока. Утре повторно ќе играме со Словачка за пласман на 15., или на 16. позиција, а оваа селекција пред три дена не победи убедливо со 64:46.

- Оглас -

Најнови вести