Нов пресврт, Тотенхем ги послуша навивачите и се откажа од Гатузо

Тотенхем нема да го ангажира Џенаро Гатузо за свој тренер. Италијанскиот стручњак во минатата сезона го водеше Наполи, пред неполн месец потпиша за Фиорентина, но од вчера повторно е слободен, и се појавија гласини дека се договорил да го преземе Тотенхем и дека ќе потпише двегодишен договор.

Но, после контактите на менаџерот Жорже Мендеш со премиерлигашкиот клуб од Лондон, станало јасно дека Петлите не се заинтересирани да ги прифатат условите на популарниот Рино. Неофицијално, во Тотенхем се премислиле после негативните реакции од навивачите. Фановите се изјаснија дека се против Гатузо, затоа што во 2008 година, тој има дадено сексистички и хомофобни изјави.

Пред 13 години, Гатузо рече дека е против хомосексуални бракови, и дека фудбалот не е за жени. Навивачите на Тотенхем сметаат дека лице со такви ставови не треба да биде тренер, па претседателот Даниел Леви немаше каде, мораше да ги послуша.

- Оглас -

Најнови вести