НОВ ПРОБЛЕМ: Роналдо силувал повеќе од една девојка?

Американката Кетрин Мајорга неодамна пријави дека во 2009 година била силувана од Кристијано Роналдо. Настанот се случил во Лас Вегас, кога Португалецот бил на одмор во САД. Откако се запознале во еден ноќен клуб, заедно заминале во хотелската соба на Роналдо, каде што девојката била силувана.

За да молчи за настанот, на Мајорга ѝ биле исплатени 375.000 долари, но и покрај тоа, по девет години се отвори случај во полицијата во САД. Адвокатот на Мајорга тврди дека неодамна се појавила уште една жена која вели дека ги преживеала истите трауми од Португалецот.

„Ми се јави една жена и ми рече дека го имала истото искуство како Кетрин. Засега не можам да го откријам нејзиниот идентитет“, вели адвокаот на Мајорга.

Случајот на Роналдо од 2009 година не е прв и единствен. Во 2005 година Португалецот имал слични проблеми. Тогаш, како 20-годишник бил приведен и испрашуван откако една девојка од Франција го обвинила дека ја силувал во хотелска соба во Лондон. На крајот, судот го ослободил Роналдо поради немање доволно докази.

Петкратниот освојувач на Златната топка ги отфрла сите обвиненија и вели дека е наместен.

- Оглас -

Најнови вести