Нов проблем за Барселона, се повреди Суарес

Луис Суарес мораше предвреме да го напушти теренот на „Сан Мамеш“ во Билбао, отако се повреди во 37. минута. Првиот напаѓач на Барселона се фати за мускулот и не можеше да продолжи, па место него во игра влезе Рафиња.

Пред повредата Суарес ја имаше најдобрата шанса за Барса на премиерниот меч од Ла Лига против Атлетик, но го погоди дирекот.

Поради повреда денеска отсутен е и Лионел Меси, па товарот во второто полувреме ќе падне на Гризман и на Дембеле, кои ќе се обидат со гол(ови) да и донесат победа на Барселона на тешкото гостување во Билбао. По првиот дел е без голови.

- Оглас -

Најнови вести