Нов проблем за Чаби Алонсо, по Бонифејс остана без уште еден напаѓач

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Мартен Терие, ќе отсуствува од терените до крајот на годината поради скршеница на раката, соопшти актуелниот германски шампион.

Францускиот напаѓач ја заработил повредата за време на саботниот натпревар против Хајденхајм (5-2) само неколку минути откако влезе во игра во 77-мата минута.

„Операција не е потребна и Терие би требало да му биде на располагање на освојувачот на германската двојна круна на почетокот на новата година“, стои во соопштението на клубот, кој неодамна го загуби и Виктор Бонифејс, кој се повреди играјќи за репрезентацијата на Нигерија во квалификациите за Африканскиот куп на нациите.

Терие пристигна во Баер ова лето по четиригодишен престој во францускиот Рен. Со тимот од Леверкузен потпиша петгодишен договор.

Баер Леверкузен по 11 одиграни кола се наоѓа на четвртото место на табелата во Бундеслигата со 20 бода.

Во вторник Баер ќе игра на домашен терен против Салцбург во натпревар од петтото коло во Лигата на шампионите.


Баер Леверкузен во Лигата на шампионите се наоѓа на 13-тото место со седум бода.

- Оглас -

Најнови вести