Нов рекорд во НБА, Сонцата продадени за неверојатни 4 милијарди долари

Милијардерот од САД, Мет Ишбија, од денеска е нов сопственик на НБА-тимот Феникс санс и ВНБА екипата Феникс меркјури.

За да стане сопственик на двата тима од Аризона, основачот на фондот „Јунајтед Холсол Мортиџ“ му плати рекордни четири милијарди долари на досегашниот сопственик, Роберт Сарвер.

Сарвер пред три месеци ги стави двата тима на продажба откако минатата година беше казнет од НБА-лигата поради сексистички и расистички коментари на работно место.

Продажбата на Феникс санс е нов рекорд во НБА-лигата, претходно рекордот го држеше Џо Цао, кој за купувањето на Бруклин нетс издвои 2.35 милијарди долари.

- Оглас -

Најнови вести