Нов шок за Грузијците: Пораз дома од Ерменија, Македонија и со реми ќе се пласира во сегментот Б

Ерменија ја шокираше Грузија на гости со победа од 2-1 и се наметна како кандидат во борбата за пласман во сегментот Б. Овој резултат е поволен за македонската репрезентација ако се знае дека евентуално реми против Ерменија во последното коло ќе биде доволно за Рисовите да се пласираат ранг погоре во Лигата на нациите.

Грузија со овој пораз отпадна од комбинација, селекторот Владимир Вајс со тотално сменет состав од поразот од Македонија вечерва настапи против Ерменија, па затоа и следуваше овој пораз.

Гостите водеа од 33-тата минута со голот на Газарјан, кој Вако го анулираше од белата точка во 65-тата минута, а наместо пресврт, Ерменците повторно изненадија и во финишот ги освоија трите бода благодарение на Адамјан.

По пет кола, Македонија е лиде со 9 бода во групата 2, зад неа е Ерменија со 8 бода, Грузија има 6, Естонија е последна со само 2 бода.

- Оглас -

Најнови вести