Нов шок за Ливерпул, овојпат негативен!

Пред шест дена, Ливерпул со 7-0 го прегази лутиот ривал и третопласиран на табелата Манчестер јунајтед, а денеска Црвените се поразени од Борнмут со 0-1. Борнмут во дуелот со Ливерпул влезе како последен на табелата.

На гостите не им беше денот, дури и утнаа пенал. Мохамед Салах го утна својот трети пенал откако е во Англија, а Египќанецот за првпат од белата точка ја шутна топката надвор од рамките на голот.

И покрај поразот, Ливерпул останува во трка за место во Лигата на шампионите за следната сезона, а за четири дена им претстои гостувањето кај Реал Мадрид каде ќе им треба чудо за да се пласираат во четвртфиналето и да спречат крај на нивната европска авантура сезонава.

- Оглас -

Најнови вести