Ново шоу на газдата: На полувреме побара играчот да биде заменет и веднаш го избрка

Контроверзниот сопственик на романскиот ФЦСБ, Џиџи Бекали, продолжи да дава откази на играчите. Откако ги избрка Стипе Вучер и Зденек Ондрашек, сега настрадаа уште двајца фудбалери. Настрадаа Алекс Крету и Јулијан Кристеа.

Вучер и Ондрашек беа избркани веднаш по елиминацијатга на ФЦСБ од казахстанскиот претставник Шахтар Караганди, а сега Крету и Кристеа добија отказ по поразот во дуелот со градскиот ривал Рапид.

Тренерот на ФЦСБ Дин Тодоран на полувремето добил инструкција од Бекали да го извади од игра Крету, кој е посочен како главен виновник за поразот.

„Крету нè победи, а не Рапид. Од овој момент тој е слободен играч. Ќе му дадам уште 100.000 евра и веќе нема да биде наш играч. Тоа важи и за Кристеа. Ниту за него веќе нема место во тимот“, рече лутиот Бекали.

 

- Оглас -

Најнови вести