Нов скандал на домаќинот, Катар го наместил натпреварот против Еквадор, за местенката платил повеќе од 7 милиони долари

На три дена пред стартот на Светското првенство во Катар, организаторот е обвинет за местенка.

Англискиот таблоид „Дејли мејл“ пишува дека организаторот платил 7,4 милиони долари за Катар да слави на првиот натпревар на Мундијалот што се игра в недела.

Наводно, во местенката треба да учествуваат осум репрезентативци на Еквадор, а оваа приказна ја потврдиле наводно пет независни извори од Катар и од Еквадор.

Според неименуваните извори, познат е и резултатот, Катар треба да победи со 1:0, а единствениот гол би бил постигнат во второто полувреме.

Катар и Еквадор се наоѓаат во групата А заедно со Сенегал и Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести