Нов скандал во Африка: На првенство за играчи до 15 години, едните беа видливо поголеми од другите

Нов скандал поврзан со сомнителната возраст на спортистите се случи во Африка. На првенството за фудбалери до 15 години, Сиера Леоне ја победи Мавританија со 6-0, по што Мавританците го напуштија шампионатот, со обвинувањето дека противниците не биле деца до 15 години, туку повозрасни.

Според фотографиите, навистина се забележува разлика, и тешко е да се поверува дека играчите од Сиера Леоне кои се во сини дресови, навистина имаат по 14-15 години.

Пореално е дека фалисификувале пасоши и настапиле со постари играчи, затоа и толку лесно победија.

- Оглас -

Најнови вести