Нов светски рекорд, Џон Иснер со најмногу асови во историјата на тенисот!

Американецот Џон Иснер денеска на Вимблдон го отсервира својот 13.729-ти ас во кариерата, и тоа е нов светски рекорд, кој ќе расте со секој нареден одигран меч на Иснер.

Досегашниот АТП рекорд го држеше Хрватот Иво Карловиќ со 13.728. Трети на вечната листа е Роџер Федерер со 11.478 аса.

Иснер во моментов игра со Јаник Синер.

- Оглас -

Најнови вести