Нов трансфер во Саудиска Арабија: Sвездата на Челзи се сели во Ал-Хилал

Клубовите од Саудиска Арабија не застануваат со големите трансфер на европските фудбалски ѕвезди. Се чини најактивна е екипата на Ал-Хилал, која после трансферот на Рубен Наваш, се очекува во текот на викендов официјално да објави нов трансфер на фудбалер од Премиер лигата.

Се работи за репрезентативецот на Сенегал и фудбалер на Челзи, Калиду Кулибали, кој после една сезона ќе си замине од премиерлигашот. Тој со клубот од “Стемфорд Бриџ“ има договор до 2026-тата година, но се уште не е позната висината на обесштетувањето кое ќе го плати Ал-Хилал, но и личните услови на фудбалерот.

Кулибали според Трансфермаркет вреди 15 милиони евра, а минатата година Челзи го плати 38 милиони евра на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести