Нов удар за Реал Мадрид: Репрезентативецот на Бразил ќе паузира до крајот на годината

На лошите вести за екипата на Реал Мадрид како да им нема крај. Откако денес беше објавено дека Едуардо Камавинга ќе паузира најмалку два месеца поради повреда која ја заработил на тренинг на репрезентацијата на Франција, сега лоши вести и од Бразил.

На натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Колумбија повреда заработил и Винисиус, кој морал да биде заменет. Според првичните информации, се работи за повреда на мускулот и се предвидува дека ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку до крајот на оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести