Нова герила-акција – Навивачи на Манчестер јунајтед го блокираа автобусот на Ливерпул, па се преселија пред „Олд Трафорд“ (Видео)

Нова герила-акција имаат навивачите на Манчестер јунајтед, кои се собираат масовно пред „Олд Трафорд“ вечерва пред да почне одложениот меч против Ливерпул.

Прво го блокираа автобусот на Ливерпул, кој беше одблокиран од полицијата по 20-на минути чекање, а потоа дојдоа на масовен собир пред култниот стадион на Манчестер јунајтед.

Manchester United fans starting to gather outside Old Trafford from soccer

Мечот треба да се игра вечерва од 21.15 часот, откако претходно беше одложен, поради акцијата на домашните симпатизери кои влетаа на „Олд Трафорд“ и направија штета, па мечот не се одигра.

Симпатизерите на Црвените ѓаволи протестираат против семејството Глазер и бараат да го продаде клубот, по несупешнито обид клубот да учествува во Суперлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести