Нова година, нов расистички скандал во Серија А, поранешен светски шампион со солзи во очите го напушти теренот

Фудбалерот на Лече, Самуел Умтити со солзи во очите го напушти теренот откако од трибината на која беа сместени навивачите на Лацио, се слушнаа навредливи коментари на расна основа.

Лече со 2:1 го совлада Лацио во првиот меч во 2023 година, но во центарот на вниманието на јавноста беше однесувањето на навивачите на гостите кои ги навредуваа Умтити и неговиот соиграч Ламек Бандa.

Поради навредите кој Умтити кој со репрезентацијата на Франција триумфира на СП ро Русија што се одржа во 2018 година, судијата Ливио Маринели го запре натпреварот, а официјалниот спикер на стадионот ги извести навивачите дека средбата ќе биде прекината доколку продолжат навредите од трибините.

https://twitter.com/i/status/1611004218734682119

Веднаш потоа, домашните фанови почнаа да го скандираат името на Умтити, натпреварот продолжи, а Французинот по последниот свиреж на судијат со солзи во очите го напушти теренот,

Претседателот на Лече, Саверио Дамијани за италијанските медиуми изјави дека самиот Умтити сакал натпреварот да се доигра.

„По натпреварот го прегрнав Умтити, како што правам со останатите фудбалери без разлика на резултатот и така сакам да им честитам и на играчите и на тренерите за прикажаната угра. Кога судијата го запре натпреварот и кога се чекаше на официјалното соопштение, Умтити побара да се продолжи натпреварот бидејќи сакаше на теренот да одговори на навредите. Тој реагираше како вистински шампион“, изјави Дамијани.

Умтити и Банде добија поддршка од голем број фудбалери, како и од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„Солидарност со Самуел Умтити и Ламек Банда. Мора да кажеме јасно и гласно Не на расизмот. Потребно е поголемиот број на навивачи кои се добри луѓе, да станат и да ги замолкнат расистите“, порача Инфантино.

- Оглас -

Најнови вести