Нова магија на Тричковски, запиша десетка за помалку од два месеци

Иван Тричковски нема проблем со головите во новата сезона, буквално ги решета мрежите на противниците и веќе го постигна десеттиот гол за месец и половина.

Македонскиот репрезентативец погоди во 26. минута на дуелот со Олимпијакос во Никозија, а неговиот АЕК води со 2:1 по првото полувреме.

Тричковски на последните 7 меча на кои играше во различни конкуренции за АЕК и за Македонија постигна 10 гола и е еден од најдобрите стрелци на почетокот на новата сезона во Европа.

Голеадата ја почна на 1. август со покер во Софија против Левски, а потоа ги тресеше мрежите на Гент, на Пафос двапати и на Омонија двапати.

Тричковски е и убедливо прв стрелец во кипарското првенство со пет погодоци, а следниот зад него има постигнато два гола.

Денеска Иван има уште можности за уште некој гол, бидејќи мечот со Олимпијакос е со резултат 1:2 за АЕК на полувреме.

- Оглас -

Најнови вести