Нова магија од Дончиќ: Погоди „од соблекувална“ (Видео)

Лука Дончиќ со Далас славеше на гостувањето кај Денвер во меч на кој гостите имаа контрола на резултатот во речиси целиот меч. Далас е во одлична форма и победи на 11 од последните 14 меча, а секако најзаслужен за таквата серија е Дончиќ.

Дека и во Денвер ќе биде расположен за кошеви, Дончиќ покажа уште на загревањето за мечот. Лука со баскетот беше далеку од аголот на игралиштето, тргнат кон соблекувалната, кога реши да шутне од позиција од која нема логика да се очекува кош.

Сепак, кога се работи за Дончиќ ништо не е невозможно, а тоа се потврди и во овој случај.

 

- Оглас -

Најнови вести