Нова мајсторија на тенискиот виртуоз – Федерер е неприкосновен во Базел (видео)

Роџер Федерер се пласира во четвртфиналето од АТП турнирот во Базел совладувајќи го Унгарецот Раду Албот по два сета со 6-3, 6-3. Швајцарскиот виртуоз уште еднаш ја воодушеви домашната публика со своите мајсторски потези, а сега е чекор поблиску до освојување на рекордната 10-та титула на турнирот во Базел, пехар кој воедно го брани.

Федерер со три брејка го освои првиот сет, а потоа му украде уште два гема на сервис на унгарскиот тенисер на стартот и финишот од вториот сет. Маестралниот поен кој го доби 20-кратниот Гренд слем освојувач покажува колку му значи овој турнир, јасно е дека сака да испише историја во Базел.

Во четвртфиналето Федерер може да се сретне со сонародникот Стен Вавринка, кој утре треба да слави против Тифо за да има швајцарска пресметка во Базел.

- Оглас -

Најнови вести