Нова одлична партија на Гравет, Јокиќ и Денвер се посрамотија кај Оклахома (ВИДЕО)

Хасани Гравет имаше нова одлична партија во дресот на Орландо меџик на гостувањето кај Атланта хокс.

Некогашниот играч на МЗТ Скопје со неговиот тим славеше со 104:98, а Гравет за 25 минути минати на теренот постигна осум коша, а имаше пет скока и исто толку асистенции.

Најефикасен кај победничката екипа беше Франц Вагнер со 25 уфрлени поени.

За Орландо, ова е првпат во сезоната да врзе две едноподруго победи откако претходно го победи Бруклин нетс.

Никола Јокиќ, пак, со Деневер се посрамотија кај Оклахома и изгубија со 108:94.

Српскиот кошаркар против еден од најслабите тимови во лигата имаше скор од 13 коша, седум скока и три асистенции.

НБА

Атланта хокс – Орландо меџик 98:104

Бостон селтикс – Кливленд кавалирс

Милвоки бакс – Хјустон рокитс

Оклахома сити тандер – Денвер нагетс 108:94

Сакраменто кингс – Лос Анџелес клиперс 89:105

- Оглас -

Најнови вести