Нова повреда во Реал, овојпат не е мускулна

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандес, беше заменет на полувремето на средбата во Бриж откако се здоби со повреда на коленото. Дијагностицирана му е повреда на внатрешен лигамент во десното колено и тоа значи пауза од околу два месеци.

Реал на ниту еден меч сезонава не можеше да смета на сите фудбалери, постојано има некој повреден, најчесто тоа се мускулни повреди, а најтешка е повредата на коленото на Марко Асенсио, кој ќе отсуствува уште околу половина година.

Начо е играч кој е резерва на централната дефанзивна позиција, но може да игра и како лев бек. Тој на претходните мечеви играше како лев бек во отсуство на повредените Марсело и Ферлан Менди. Синоќа Марсело се врати, а Менди уште некое време ќе биде во аут. Поради проблеми со стомакот, играта ја напушти и Тибо Куртоа, кој и така е во лоша форма.

- Оглас -

Најнови вести