Нова шлаканица за Роналдо, од денес е грејач на клупа

Кристијано Роналдо од денес има нова улога во Манчестер јунајтед – грејач на клупа. Ерик тен Хаг, тренерот на Црвените ѓаволи, смета дека Португалецот не е во потребната натпреварувачка форма бидејќи го протпушти подготвителниот период, па сè додека не го крене нивото, ќе биде резерва.

Роналдо одигра само 45 минути во последниот пријателски дуел на Јунајтед, беше стартер во ремито без голови против Рајо Валјекано, по што се утврди дека според формата, Роналдо не заслужува место во почетните 11.

Пред него, на напаѓачката позиција предност ќе имаат Рашфорд и Марсијал, кои се покажаа во добро светло на подготовките.

Во меѓувреме останува да се реши судбината на еден од најдобрите голгетери во историјата. Клубот не му дозволува да замине, одби да се раскине договорот, а агентот на Роналдо упорно притиска за трансфер во клуб кој настапува во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести