Нова „статива“ во колото на Спортската прогноза

Колото број 11 од втората сезона на Спортска прогноза повторно не донесе доволен број погодоци за да се додели некоја награда, а најблиску до такво остварување од вкупно 1.242 учесници во играта беше Илија А. Тој погоди 10 парови од основната понуда од 13. Како најпроблематични се покажаа двата натпревари во кои играа селекции до 21 година.

Белгија е таа која го спречи Илија да освои ваучер бидејќи играше против нив, а тие победуваа и во сениорска и во младинска конкуренција. Четиринаесет прогнозери погодија по девет типа.

ВО ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН Е „МРТВА ТРКА“

Суперинтересна е битката за врвот во Генералниот пласман. Има тројца лидери по завршеното 11-то коло. Тоа се: Дејан Д., Васко Ј. и Александар П. со по 80 поени. Зад нив, во топ 5 влегуваат и Никола Д. и Станојко М. со по 79 поени. За Генерален пласман се бројат и погодоците од двата резервни пара, што исто така е важно да се погодат.

Има уште многу прогнозери со шанса за главната премија, ТВ Смарт од 48 инчи што ќе го добие шампионот во вкупен поредок во втората сезона на играта што станува сè попопуларна.

Денеска очекувајте ги двојките за новото коло, 12-то по ред, а сè што треба да направите е да имате СЛ картичка за да се приклучите на сè поголемиот број учесници во играта што е бесплатна и нуди можност за добра забава, неизвесност, а има и вредни награди.

Сè уште го очекуваме првиот прогнозер што ќе има максимален број погодоци во едно коло, а наградата е IPhone XS.

Затоа не двоумете се, извадете СЛ картичка во процедура што е едноставна и потоа приклучете се со свои прогнози. Никогаш не е доцна за да бидете наградени.

За да ги погледнете вашите прогнози во тековното коло, поредокот во Генерален пласман и наградите посетете ја интернет-страницата на Sport Life и следете ги текстовите за Спортска прогноза на Спорт Манија.

- Оглас -

Најнови вести