Нова технологија – Со усна армоника им судеше на пријателски меч (Видео)

Пензионираниот англиски судија Дерек Пекер се најде на вистинско место во вистинско време и помогна да се одигра пријателскиот меч на нисколигашите во Англија Типтри енџин и Стенвеј роверс.

Договорениот арбитар не дојде, па 50-годишниот Пекер, кој дојде да го гледа мечот се понуди да биде арбитар за да може да се оидгра пријателскиот дуел на англиските аматерски клубови.

Но, Пекер немаше свирче, неопходно за да го одсуди мечот по сите правила и мораше да се бара чаре. Претседателот на Типтри енџин имаше оригинална идеа, донесе од својот автомобил усна армоника, па новата технологија беше тестирана на пријателскиот меч.

Погледнете како сето тоа изгледаше во Англија.

- Оглас -

Најнови вести