Нова тениска класика: Ѓоковиќ и Федерер во меч кој мора да се добие

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во директен дуел вечерва ќе решаваат за место во полуфиналето на завршниот тениски Мастерс во Лондон. Двајцата тенисери имаат по една победа и пораз, па меѓусебниот дуел ќе реши кој ќе му се приклучи на Доминик Тим, кој е прв во оваа група.

Според коефициентите во Sport Life, Ѓоковиќ ја има улогата на фаворит, но Србинот е и под поголем притисок. Тој се надева дека со евентуална победа против Федерер и можноста да го освои Мастерсот, ќе стигне и до првото место на АТП-листата за 2019 година.

Двете тениски легенди последниот меч го одиграа во финалето на Вимблдон, каде што во меч кој траеше речиси пет часа, Федерер пропушти две меч-топки, а потоа Ѓоковиќ славеше со 14:12 во гемови во решавачкиот петти сет. Сега Швајцарецот се надева дека ќе се одмазди за тој пораз.

Ѓоковиќ ги има добиено последните четири меча против Роџер, а сега во Лондон атакува да го стигне рекордот токму на Федерер, кој има шест титули на финалните турнири на АТП. Србинот засега е со пет такви трофеи. Овие тенисери заедно имаат освоено 36 гренд слем титули (20 Федерер, 16 Ѓоковиќ). Вкупно имаат одиграно 48 меча, а Ноле победил 26 пати, додека Роџер се радувал на 22 меча.

Без разлика на тоа каде играат, во каква форма се наоѓаат, дуелите на овие двајца тенисери се вистинска класика, па така се очекува да биде и вечерва од 21 часот. Во вториот меч од оваа група Тим е голем фаворит против Беретини. Доминик ги победи и Федерер и Ѓоковиќ, па не би требало да има проблеми против тенисерот кој загуби во првите две кола и е без шанси за полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести