Нова трагедија за Исланд – Рајнкинд со гол во последна секунда и донесе пласман на Норвешка на СП (Видео)

Исланд претрпе уште еден трагичен пораз на Европското првенство, а загубија од Норвешка во битката за настап на Мундијалот со погодок во последна секунда од второто продолжение.

Рајнкинд погоди во последен миг и Норвешка победи со 34:33 по две продолженија од по пет минути во битката за петтто место на ЕП.

Исланѓаните пропуштија златна шанса за победа во регуларниот дел, а Јонсен утна чист гол на празна мрежа.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1487097480336625664?s=20&t=GggeF88M7w8fsruyfzh6cA

Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 27:27, па идентично возбудливи беа и продолженијата што на крајот со многу среќа ги добија Норвежаните со голот на Рајнкинд.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1487105427535978496?s=20&t=GggeF88M7w8fsruyfzh6cA

Норвешка ќе игра на Мундијалот во Полска и Шведска од 11 до 29 јануари идната година, а Исланд е можен ривал на Македонија во вториот бараж, ако нашата репрезентација успешна ја мине првата пречка.

Вечерва се играат двете полуфиналиња меѓу Шпанија и Данска и Франција против Шведска во битката за големото финале на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести