Нова тренерска „бомба“ во Англија: Њукасл го мерка Унаи Емери

Денешниот ден во Англија е резервиран за тренерски ангажмани.

Покрај веста дека Тотенхем е на прагот да го ангажира Антонио Конте, се појавија и шпекулации дека Њукасл е заинтересиран за услугите на Унаи Емери.

Одличниот тренер кој во моментов е на клупата на Вилјареал, со овој тим минатата сезона успеа да ја освои Лигата на Европа, победувајќи го Манчестер јунајтед на пенали.

Но на почетокот од оваа натпреварувачка година, тимот не игра на задоволително ниво, пред сè поради згуснатиот распоред, како и големиот број повредени играчи.

Богатите сопственици на Чавките ќе се обидат да ја искористат оваа ситуација понудувајќи му голем договор на Шпанецот, за кого ова би било второ доаѓање во Англија.

Претходно тој беше тренер на Арсенал, а во својата кариера го има водено и уште еден супер богат тим, а тоа е екипата на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести