Новак Ѓоковиќ нема да игра на првиот Гренд слем, тие веќе го „отпишаа“ него

Андреј Рубљов е моментниот петиот тенисер во светот според АТП листата и секако еден од оние кои верува дека може далеку да стигне на првиот Гренд слем турнир за 2022 година, Отвореното првенство на Австралија. Рубљов вели дека многу се мали шансите, актуелниот освојувач на турнирот во Мелбурн, да го брани тронот.

Според протоколите во Австралија, на Гренд слемот може да играат само тенисери кои се вакцинирани со најмалку две дози против Коронавирусот. Ѓоковиќ засега нема објавено дали е вакциниран или не, но познато е дека Србинот јавно ги критикуваше сите оние кои условуваат дека вакцината мора да е задолжителна за да се биде дел од некој настан.

Рубљов дели дека тој е вакциниран, но дека мали се шансите Новак да го види во Мелбурн на теренот.

„Колку што разбрав од тоа што го прочитав, тие не сметаат на Новак Ѓоковиќ на овој турнир. Ова ми делува како покер меч, чекаме да видиме кој прв ќе попушти. Мене ми се чини дека Новак едноставно нема да замине во Австралија. Ќе биде чудно ако тој не игра. Потоа следува и американската турнеја каде што повторно сите мораат да бидат вакинирани ако сакаат да играат“, вели Рубљов.

- Оглас -

Најнови вести