Новак Ѓоковиќ останува без тренерот, но нема ништо против

Хрватските медиуми најавуваат дека Горан Иванишевиќ добил понуда да го замени Жељко Крајан на чело на Дејвис куп репрезентацијата на Хрватска, а тоа најверојатно би значело и крај на неговата работа со еден од најдобрите тенисери на светот Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер кој има одлична соработка со легендарниот Хрват, нема ништо против Иванишевиќ да ја преземе хрватската репрезентација, напротив, мисли дека тоа е најприродно нешто.

„Искрено, првпат слушам за таква можност, но Горан има моја поддршка. Немам ништо против, мислам дека е сосема природно Горан да биде селектор на Хрватска“ – изјави Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести