Новак игра страшен меч со Димитров, пред да почне го направи најоригиналното селфи (Видео)

Новак Ѓоковиќ игра страшен меч против Григор Димитров на Австралија опен и по голема драма го доби првиот сет во тај-брејк со 9:7 во поени, а претходно го направи најоригиналното селфи.

Новак пристигна во просторијата и еден од неговите навивачи од првиот спрат му го фрли телефонот и го замоли сам да си направи селфи за спомен.

Ѓоковиќ му ја исполни желбата на многу интересен начин, а потоа ја почна големата битка со Димитров за нов пласман во осминафиналето на турнирот што го има освојувано дури 9 пати.

Последниот поен што го освои во тај-брејкот за да поведе со 1:0 во сетови беше еден од најубавите на турнирот, а иако е повреден, Новак се фрли на мрежа во стилот на Борис Бекер и со прекрасен стоп-волеј стаса до 9:7 во поени и предност од еден сет против Димитров.

https://twitter.com/mrsheldarlock/status/1616733303947534337?s=20&t=UP23LtDtLmz9jb_NJWetXw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести