Новата ѕвезда на Пеликанс игра и очекува казна – Апсењето со електрошкови и новото обвинение повторно ја поделија Америка (Видео)

Џексон Хејз очекува казна бидејќи против него е покренато обвинение по 12 точки откако во јули беше уапсен во Лос Анџелес поради семејно насилство.

Новата кошаркарска ѕвезда на Њу Орлеанс пеликанс во НБА сè уште игра, ноќеска настапи против Индијана пејсерс, но се соочува со низа обвиненија.

Меѓу посериозните обвинувања од вкупно 12 против НБА-кошаркарот се семејно насилство, физички напад и повреди на тогашната девојка, давање отпор при апсење и насилно однесување кон припадник на полицијата.

Видеоснимката од неговото апсење што се случи лани во јули поради семејно насилство повторно ја подели Америка, а Хејз откако реагираше нервозно, беше совладан со електрошокови од полицијата.

Хејз бил премногу гласен и насилен при расправија со неговата девојка, па нејзина роднина повикала полиција.

НБА-кошаркарот реагирал несоодветно при доаѓањето на полицијата, потоа и оттурнал еден од припадниците на полицијата, по што бил совладан со помош на електрошокови.

И повторно имаше слична ситуација како при случајот со Џорџ Флојд, кој почина откако се загуши при интервенција на полицаец.

И при апсењето на Хејз, еден од полицајците при кусо му држи колено на вратот, па откако бил предупреден од колегите, ја тргнал ногата.

Тоа повторно предизвика длабока поделба на граѓаните на САД, слично како во случајот со Флојд.

Хејз е 21-годишен кошаркар, кој во 2019 година беше драфтуван како осми пик од Атланта хоукс, па потоа веднаш беше проследен во Њу Орлеанс пеликанс.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести