Новески типува: Македонија игра добро и ќе даде гол во Полска

Играчот кој стана легенда во германски бундеслигаш Мајнц, а со своите игри останува како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на македонската репрезентација, Николче Новески, го прифати предизвикот да состави добротворен тикет кој Спорт Манија го прави во соработка со Sport Life обложувалниците.

Новески потенцираше дека не игра во обложувалници и дека не е баш некој прогнозер, но сепак, многу често се случува да се има „почетничка среќа“, па затоа и прифати да типува на добротворниот тикет кој содржи неколку меча од квалификациите за Европското првенство за викендов.

Новески синоќа беше на стадионот „Тодор Проески“ и е задоволен од победата на Македонија против Словенија.

„Имаме доста солидна селекција. Против Словенија одигравме одлично и ги задржавме шансите за пласман на ЕП. Сега ни требаат победи на гости, но јас верувам дека можеме да изненадиме и на туѓ терен. Следи меч против Полска, селекција која ја видовме во Скопје дека не одигра ништо посебно, но сепак стигна до трите бода. По победата над Словенија, се добива дополнителна самодоверба и верувам дека може дури и да победиме против Полска. Најважно е сите играчи да го дадат максимумот на терен“, вели Новески, кој има 64 настапи за Македонија, а иако беше дефанзивец, постигна пет погдоци.

Николче верува дека Македонија може да даде гол на гости кај Полска, а за похрабрите типувачи советува да се оди и на изненадување, односно дека може и да победиме. Сепак кога се работи за прогноза за тикетот, неговиот избор е „гол-гол“.

Од вториот меч од нашата група, Словенија и Австрија ќе играат во Љубљана. За двете селекции најважно ќе биде да не загубат, па Новески типува нерешено. Во директна борба за место на ЕП викендов се и Данска и Швајцарија, а битолчанецот Новески и тука верува дека може да биде „икс“.

Иако играат на гости, Хрватска и Шпанија треба да победат викендов, според некогашниот македонски репрезентативец. Коцкестите со триумф на гости кај Велс ќе бидат со една нога на ЕП, додека Шпанија се очекува да ја продолжи перфектната низа во својата група, иако игра на гости кај Норвешка.

Без разлика колку не типува во обложувалници, фактот дека се работи за играч кој има преку 300 настапи во германското првенство, дава за право да веруваме дека добротворниот тикет е со вистинските прогнози.

 

- Оглас -

Најнови вести