Од денес започнува типувањето на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Помеѓу 13-те натпревари, дури четири се од германската Бундеслига, три од шпанската Примера, по два од италијанската Серија А и француската Лига 1 и по еден од англиската Премиер лига и лигата на Португалија.
Колото ќе го отворат екипите на Рајо Ваљекано и Жирона во сабота, во 14 часот, дуел кој е најинтересен за нас, пред сè, поради нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој по одличниот меч против Реал Мадрид, сега ќе треба да го сопре лидерот на Ла Лига, екипата на Жирона.
Интересни натпревари ќе се одиграат и во Андалузија и во Рим, каде што ќе има градски дерби-пресметки. На „Рамон Санчес Писхуан“ ќе се сретнат екипите на Севиља и Бетис, додека на „Олимпико“ во Рим ќе играат Лацио и Рома.
За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.