Нови сознанија за состојбата на Шумахер, а за жал тие не се добри

Речиси седум години поминаа од несреќата во која настрада Михаел Шумахер. Легендарниот Формула 1 возач падна додека скијаше на француските Алпи и заработи сериозни повреди на главата. еден период Шуми помина во кома, а потоа започна тешкиот период на рехабилитација, кој уште трае. Несреќата се случи на крајот од 2013 година, што значи дека поминаа речиси седум години, а уште не се знае точната состојба во која се наоѓа Германецот.

Неурологот Ерик Ридерер во документарен филм открива во каква состојба е Шумахер.

„Шумахер самостојно дише. Буден е и срцето му работи во нормален ритам. Веројатно може да седи и да направи мали чекори со нечија помош“, открива докторот Ридерер, кој сепак не дава надежни вести. „Повредите кои ги здобил се тешки и трајни. Се плашам дека нема да може да биде подобро од тоа ште е сега. Тој е во вегетативна состојба. Буден е, но не реагира на разговор“, додава неурологот.

Малку луѓе ја знаат точната здравствена состојба на Шумахер. еден од нив е и Фелипе Маса, кој возеше заедно со Шуми во Ферари. Бразилецот вели дека мора да с епочитува одлуката на семејството, а тоа е да не се откриваат детали за состојбата на Михаел.

„Знам во каква состојба е. Ги имам сите потребни детали затоа што секогаш сум бил близок со него. Со неговата сопруга Корина не се дружевме многу затоа што ретко доаѓаше на трките. Мораме да бидеме свесни дека ова е тешак состојба, но мора да го почитуваме барањето на семејството, а тоа е да не се соопштуваат детали во јавноста. Ако тие така сакаат, кој сум јас за тоа да го прекршам“, рече неодамна Маса.

 

- Оглас -

Најнови вести