Новинар го праша Сарабија зошто не сака да го спомне името Косово (Видео)

Косово ја пречекува Шпанија од 20.45 часот во меч од квалификациите за СП 2022, а дуелот имаше интересна увертира.

Шпанија не го признава Косово како самостојна држава, на првиот меч во Севилја на ТВ коментаторите им беше забрането са кажат Косово, а масло на оганот долеа Пабло Сарабија, кој на прес-конференцијата, нашиот сосед го нарекуваше „домашниот тим“, без да спомне Косово.

Еден локален новинар го праша Сарабија зошто цело време го користи терминот „домашен тим“ и не сака да каже Косово.

„Не го разбирам прашањето“ – се вадеше Сарабија, а потоа од прес-службата на Црвената фурија рекоа дека тоа не е прашање за фудбалерите, туку треба да се упати на друго место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести