Новиот голман на Интер се посрамоти, Камерун со пенали дојде до победа на отворањето на АФКОН (ВИДЕО)

Домаќинот на овогодинешниот Афрички куп на нации, Камерун потешко од очекувањата, односно со 2:1 ја победи Буркина Фасо на отворањето.

Домаќинот, кој е една од најголемите кандидати за напад на трофејот, тргна хаотично и со негатиа во 24-та минута, по катастрофалната реакција на новиот голман на Интер, Андре Онана.

Тоа знаеше да го искористи Густаво Сангаре кој го постигна првиот гол на овој шампионат.

До крајот на првото полувреме беа досудени два пенали за домаќинот кој беа реализирани преку Тото Екамби.

Во продолжението, Камерун постигна гол но тој беше поништен поради офсајд.

Вториот натпревар од групата А се игра од 21 часот кога ќе се соочат селекциите на Етиопија и Зеленортската република.

- Оглас -

Најнови вести