22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Новиот голман се приклучи на подготовките на РК Вардар во Маврово

Ракометарите на Вардар ги продолжуваат подготовките за новата сезона во комплетен состав, откако на тимот кој е на подготовки во Маврово се приклучи и новиот голман Мигел Еспиња Фереира.

Како што соопштуваат од поранешниот двократен европски шампион, вардарци во Маврово ќе работи на подобрување на физичката и на техничко-тактичката подготвеност и воигрување на играчите што се приклучија во летниот период.

Во Маврово, вардарци ќе останат до 3. август, а потоа се враќаат во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести