Новиот играч на Барселона гордо позираше со маскота на Реал Мадрид

Данскиот фудбалер Мартин Брајтвајт, кој потпиша договор со Барселона до јуни 2024 година, се пофали дека е брз, физички силен и интелигентен, дека Лионел Меси е најдобар на сите времиња, но „заборави“ да каже и дека го симпатизира Реал Мадрид.

Играчот кој треба да биде ударна игла во нападот додека не се врати Луис Суарес, во Барса дојде од мадридскиот Леганес, па додека живееше во Мадрид, се сликаше со една маскота која носеше дрес и шал на Реал Мадрид. Брајтвајт ќе треба на фановите да им објасно што значи фотографијата и дали е скриен фан на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести